Дома Топ вести Манчестер Јунајтед понуди 100 милиони, Дортмунд кажа НЕ

Манчестер Јунајтед понуди 100 милиони, Дортмунд кажа НЕ

Манчестер Јунајтед цело лето се обидува да го донесе Џејдон Санчо на „Олд Трафорд“ и денес испрати последна понуда за младиот Англичанец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Скај Спорт“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ понудиле 100 милиони евра, од кои 80 милиони евра во кеш, а останатите 20 милиони евра во вид на бонуси.

Стигнал експресен одговор од Дортмунд кој ја одбил понудата на Јунајтед бидејќи нема време да доведе адекватна замена за Англичанецот.

Сумата на која инсистира Борусија Дортмунд цело лето е 108 милиони фунти веднаш, па Санчо сигурно ќе остане и оваа сезона во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…