
Џејдон Санчо би можел летово да се врати во Борусија Дортмунд. Раководството на клубот наводно веќе контактирало со англиското крило, а идејата за негово враќање јавно ја поддржаа спортскиот директор Оле Бук и голманот Грегор Кобел. Санчо остави длабока трага во Дортмунд пред да се пресели во Манчестер Јунајтед во 2021 година за 85 милиони евра.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во вториот дел од сезоната 2023/24, тој се врати преку позајмица, а во клубот се надеваат на нова соработка. „Сите знаеме каков е талент Џејдон Санчо и каква трага остави овде во Дортмунд со својата техника и креативност”, изјави спортскиот директор Бук за „Скај“. Германскиот медиум дозна и дека тренерот Нико Ковач дал зелено светло за доаѓањето на Санчо.
Англиското крило, чиј договор со Манчестер Јунајтед истекува летово, ќе треба да се согласи на значително намалување на платата, бидејќи моментално заработува 15 милиони евра годишно. Неговото доаѓање истовремено би се судирало со креативната стратегија за трансфери на која се надеваат навивачите.