Манчестер Сити и официјално се засили со португалскиот фудбалер Матеуш Нунеш.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вулвс сакаше да го задржи, но фудбалерот притискаше за трансфер и на крај успеа да издејствува трансфер.
„Манчестер Сити со задоволство може да го соопшти потпишувањето со Матеу Нунеш од Вулверхемптон кој потпиша договор на пет години“, објави клубот.
За Манчестер Сити, Нунеш е четврто поголемо засилување по Ковачиќ, Јошко Гвардиол и Џереми Доку. За овие засилувања потрошија 216.1 милион фунти.