Дома Фудбал Италија МАЕСТРО САНДРО: Еден од најдобрите стопери на сите времиња – каде е и што прави Неста

МАЕСТРО САНДРО: Еден од најдобрите стопери на сите времиња – каде е и што прави Неста

Алесандро Неста, поранешниот капитен на Лацио, легенда на Милан, светски шампион од 2006 година и еден од најдобрите дефанзивци во овој век, пред пет години последен пат го облече дресот на „росонерите“ и замина преку барата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играше во МЛС лигата каде ги бранеше боите на Монтреал, а потоа се одлучи за тренерска кариера. Две години го водеше Мајами во НАСЛ лигата, беше и прв на табелата, а потоа поднесе оставка.

Неста сега сака да се врати во Европа, а италијанските медиуми пренесуваат дека ќе добие шанса во својата татковина. Имено, Сандро до крајот на месецот би требало да стане тренер на Тернана.

Тернана ја чека грчевита борба за опстанок во Серија Б, а раководството на клубот верува дека Неста може да му ја даде потребната харизма и победнички менталитет на тимот.

Неста беше еден од најдобрите дефанзивци кои некогаш играле во Серија А, па време е да видиме како ќе се снајде покрај линијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мароко го подобри одличното рекорд на Италија, a Бразил ја продолжи импресивната серија

Со своето реми 1:1 со Бразил во отворачкиот меч од Светскиот куп 2026, Мароко го запиша 38…