Вардар продолжува со одличните настапи во Лигата на шампионите, а тоа е причина и ракометарите на црвено-црните да добиваат место во тимот на колото. Освен од Вардар овој пат место во тимот на колото имаше и за играч на Металург.
Избраниците на Парондо во Скопје ја запишаа четвртата победа во исто толку натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона, победен беше Рајн Некар (29:27). Со оваа победа Вардар остана лидер во групата со максимален број на бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На оваа средба за играч на натпреварот беше прогласен Тимур Дибиров кој имаше реализација 8/9, а беше и корисен во одраната.
Металутг беше поразен во натпреварот против Силкеборг. Во поразот на тимот од Автокоманда најдобар беше Халил Јагањац кој постигна 10 погодоци и така се избори за мето помеѓу најдобрите на колото.
ТИМ НА КОЛОТО:
Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек – Халил Јагањац (Металург)
Среден бек – Томас Могенсен (Скјерн)
Десен бек – Магнус Род (Флензбург)
Десно крило – Аркадиус Морито (Кјелце)
Пивотмен – Сењамин Буриќ (ППД Загреб)
Голман – Перез де Варгас (Барселона)
Голманот на Вардар, Дејан Милосвањев повторно бранеше на највисоко ниво, а неговата одбрана во последните минути против Рајн Некар е прогласен за втора во топ 5 на колото.
Одбраната на Милосвањев можете да ја погледнете ТУКА.