Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Ливерпул доби „покер“ во Неапол, „петарда“ на Барса и хет-трик на Левандовски, Баерн сигурен во дербито

ЛШ: Ливерпул доби „покер“ во Неапол, „петарда“ на Барса и хет-трик на Левандовски, Баерн сигурен во дербито

Вечерва се одиграа преостанатите натпревари од првото коло во Лигата на шампионите.

Во натпреварот кој беше означен како дерби на вечерта Баерн Минхен забележа сигурна победа против Интер од 0:2. Резултатски Баерн не беше толку убедлив, но на теренот и тоа како беше.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер тешко доаѓаше до позиција да го загрози голот на Ноер, баварците играа сигурно и ги контролираа случувањата на теренот. Така беше преку целиот натпревар. Головите ги постигнаа Сане во 25. минута, а во 66. Д’Aмбросио си постигна автогол.

Ливерпул од Неапол се враќа со убелдив пораз. Наполи ги победи „црвените“ со 4:1. Резултатот беше отворен после само пет минути игра кога Зјеленски погоди од белата точка. Во 18. минута Наполи доби нов пенал, овој пат изведуваше Осимен и не реализираше.

До 2:0 Наполи стигна после половина час игра преку Ангуис. Џовани Симеоне само три минути влегувањето во игра на местото на Осимен во 44. минута стрелаше за 3:0. Само што почна второто полувреме Наполи постигна и четврт гол, вторпат во листата на стрелци се запиша Зјлински.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните 15 минути од натпреварот, влезе на местото на двократниот стрелец Зјелински.

Барселона како и што се очекуваше немаше проблеми против Викторија Плзен и оствари убедлива победа од 5:1. Роберт Левандовски уште на првиот натпревар за Барса во ЛШ постигна хет-трик. Преостанатите два гола беа дело на Кеси и Торес. Почесниот гол за гостите го постигна Сикора.

Тотенхем не дозволи изненадување и на домашен терен го доби Марсеј со 2:0. Работата на Французите беше отежната и поради црвениот картон на Мбаемба во 48. минута. Победата на „петлите“ ја донесе Ричарлисон со двата гола во вториот дел.

Клуб Бриж го изненади Баер Леверкузен и славеше со 1:0, Атлетико Мадрид во драматичен финиш беше подобар од Порто со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…