Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров денеска го објави скратениот список на ракометари за бараж натпреварите за пласман на Светсктоо првенство со Фарски Острови.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На списокот на Лазаров има 20 ракометари и седум резервисти кои би биле повикани во случај на отсуство на некој од ракометарите на списокот.
За Македонија хендикеп ќе биде отсуството на Никола Костески кој се повреди кон крајот на март во натпреварот за Еурофарм Пелистер против Клоштад. Собирот на репрезентативците е на 3-ти мај, додека натпреварите со Фарски Острови се на 8-ми мај во Трошван (20:00 часот) и 12-ти мај во Скопје (19:00 часот).
