Дома Фудбал Седлоски: Посилна репрезентација не гостувала во Скопје, не сум задоволен со дел од моите играчи!

Седлоски: Посилна репрезентација не гостувала во Скопје, не сум задоволен со дел од моите играчи!

Македонија со пораз од 0-3 од Швајцарија ја започна новата сезона во Лигата на нации. Нашата репрезентација имаше тешка задача против силниот противник, кој целосно ја контролираше играта и заслужено стигна до победата.

По натпреварот, селекторот Гоце Седлоски ѝ честиташе на Швајцарија, но не го криеше незадоволството од она што го покажаа дел од неговите фудбалери.

„Сакам да ѝ честитам на Швајцарија, тие се една светска сила. Ние треба многу да учиме и да работиме, Швајцарија е Швајцарија. Ние сакаме нешто да подмладиме со репрезентација и полека, полека тоа го правиме. Игравме со репрезентација кој има квалитетен играч на секоја позиција, посилна репрезентација досега не гостувала во Скопје. Беа предоминантни на секој дел од теренот, но ние не смееме да примаме голови по наши грешки, тие се велесила, но ние мора да покажеме и карактер, тоа секогаш го барам од фудбалерите. Кај некои играчи денеска тоа не го видов и во иднина ќе играат фудбалери кои играат во клубовите. Разговарав со фудбалерите и тој што ќе заслужува во иднина ќе биде на теренот, денеска од одредени фудбалери не бев задоволен од тоа што го покажаа. Во ваков натпревар се гледа каков карактер си, никогаш не треба да се плашиш и тоа го барам од нив. На тренинзите сите беа одлични, но вечерва имаше и такви кои потфрлија“, кажа Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Гаштаров покажа како се игра за Македонија – со срце и борбено од почеток до крај!

Матеј Гаштаров дебитираше за македонската А-репрезентација, а младиот фудбалер веднаш доби…