Дома Останати Ракомет Томовски блескаше за Битигхајм – запиша 16 одбрани против шампионот Магдебург

Томовски блескаше за Битигхајм – запиша 16 одбрани против шампионот Магдебург

Мартин Томовски имаше одлична голманска партија, но не успеа да го спречи поразот на Битигхајм од германскиот шампион Магдебург со 24-33 во шестото коло од Бундеслигата.

Македонскиот репрезентативен голман беше сериозно тестиран во текот на целиот натпревар, бидејќи Магдебург упати дури 49 удари кон неговиот гол. Томовски одговори со 16 интервенции и беше една од најсветлите точки во составот на Битигхајм.

Сепак, квалитетот и широкиот ростер на актуелниот германски шампион дојдоа до израз, па Магдебург без поголеми проблеми стигна до убедлив триумф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ Европска Лига: Фленсбург доминира, Извиѓач изненадува, Пелистер разочарува

Фленсбург, Кадетен Шафхаузен, Лимож, Слован Љубљана и Торелавега се тимовите со совршени р…