Првиот човек на Судиската комисија на ФИФА и поранешен италијански судија, Пјерлуиџи Колина даде свој комнетар за употреба на ВАР технологијата на Мундијалот во Русија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според Колина ВАР бил скоро безгрешен во групната фаза од Светското првенство, односно потенцираше дека со технологијата биле донесени 99,3% исправни одлуки.
„Имавме 335 ситуации за време на 48 натпревари. Судиите без помош на ВАР донеле добри одлуки во 95% од случаите, а со помош на видео технологијата тој процент порасна дури на 99,3%“, истакна Колина.
„ВАР системот не е перфектен, никогаш нема да стигнеме до 100 проценти точност, но исто така во фудбалот и други работи не се перфектни. Но, благодарение на ВАР, после 48 натпревари немаме ниту еден скандал на мундијалот, тоа е најважно“, додаде легендарниот судија.