
Фудбалерите на Барселона ја совладаа Селта Виго во 33. коло од шпанската Примера со резултат од 1:0, со што го задржаа водството од девет поени пред најблискиот конкурент Реал Мадрид.
Она што ги загрижува навивачите на Барселона е повредата на најдобриот играч Ламин Јамал, како и поништувањето на голот на каталонскиот тим поради крајно сомнителна офсајд позиција.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во 55. минута од натпреварот, Феран Торес постигна гол со кој ја удвои предноста на Барселона, но само неколку моменти подоцна судијата го поништи.
Подоцна беше објавена фотографија од поништениот гол на напаѓачот на Барселона, која не дава јасен доказ за офсајд позицијата на Торес.
Се огласи и самиот Феран, споделувајќи фотографии од наводната офсајд позиција на социјалните мрежи и упати критики кон челниците на Примера и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој неодамна изјави дека борбата за титулата не е завршена, иако Барселона има девет поени предност.
