Дома Македонски спорт Кога Шаќири пред очите на Бекам, Џерард, Сколс…го понижи Симан и стана синоним за гол од корнер (ВИДЕО)

Кога Шаќири пред очите на Бекам, Џерард, Сколс…го понижи Симан и стана синоним за гол од корнер (ВИДЕО)

На 16. Октомври 2002 година репрезентацијата на Македонија одигра одличен натпревар во Саутемптон против Англија.

Македонија два пати водеше против Англија, а Англичните два пати изедначуваа за конечни 2:2. Тој натпревар најмногу се памети по голот на Артим Шаќири од корнер. Практично од тој ден Шаќири стана синоним за гол од корнер кај нас.

Во едно од итервјуата после натпреварот Шаќири објасни како дошол до идеја да шутира директно кон голот.

„Да шутирам кон голот на Симан ја донесов во неколку секунди. Сигурно никој не си рекол: јас утре ќе шутирам директно од корнер во гол. Првиот гол постигнав со Караорман во Делчево, вториот со Вардар во Скопје на Градски и ова беше третиот кој остави белег засекогаш“, зборуваше тогаш Артим.

Во составот на Англија во тој натпревар играа: Симан, Невил, Кембел, Вудгехт, Кол, Бекам, Џерард, Сколс, Бриџ, Овен, Смит. На клупата седеа: Милс, Џејмс Саудгејт, Харгривс, Бат, Лампард, Весел.

Кај нас од првите 11 беа дел: Петар Милошевски, Попов, Петров, Седлоски, Васоски, Шумоликовски, Трајанов, Митревски, Толески, Шаќири, Гроздановски. Поддршка од клупата беа: Николски, Грнчаров, Вајс, Пандев, Стојановски, Игнатов, Начевски.

Ова реми и денес се смета за еден од најдобрите резултати на нашата А-репрезентација во историјата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Рагник во Милан ја носи ѕвездата на Лајпциг

Ралф Рагник е на чекор од превземање на Милан и изгледа дека во наредните денови двете стр…