Дома Фудбал Зидан: Критики секогаш ќе има, но треба да промениме нешто!

Зидан: Критики секогаш ќе има, но треба да промениме нешто!

Реал Мадрид не ја отвори сезоната на најдобар можен начин, но тренерот Зинедин Зидан сепак е оптимист.

„Кралевите“ запишаа само една победа во првите три меча во Примера, па веднаш започнаа критики за Зидан и за тимот.

„Критики за нас ќе има секогаш. Меѓутоа, од нас се бара да ги промениме резултатите“, истакна Зидан пред мечот со Леванте.

„Секогаш во овој период од годината е тешко да се подготвиме за мечот после репрезентативните обврски. Имаме фудбалери кои одработиле само по еден тренинг после враќањето, а притоа имаме проблеми и со повредени играчи“.

„Меѓутоа, јас во тимот имам најкваитетни играчи во светот и ќе сметам на секој од нив. Доаѓаат многу натпревари, згуснат распоред и секој од нив ќе добие шанса. Свесни сме дека загубивме бодови, но сезоната штотуку започна и сметам дека резултатите ќе се променат“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни не го сака медалот од 2012: Не го заслуживме!

Рио Фердинанд и Давид де Хеа би ја прифатиле титулата за сезоната 2011/12 доколку истата м…