Дома Фудбал Италија За ситуацијата со Гвардиола и Јувентус се огласи и директорот на „Скај“ – кој е во право?

За ситуацијата со Гвардиола и Јувентус се огласи и директорот на „Скај“ – кој е во право?

0

Овие денови многу се пишува за можноста Пеп Гвардиола да го превземе Јувентус.

Се огласија обложувалниците кои го истакнаа Шпанецот како прв фаворит за клупата на „старата дама“ со коефициент од само 1.50, зад него се најдоа Сари, Мурињо, Покетино, Симоне Изнаги…

Покрај тоа новинарот на „Мундо Депортиво“ Франсес Агиљар објави дека истиот извор кој му кажал дека Гвардиола оди во Сити, сега му кажува дека ќе се пресели во Јувентус.

„Истиот човек кој пред неколку години (многу порано пред да биде официјално објавено) ми кажа дека Пеп Гвардиола ќе го превземе Манчестер Сити сега ми кажува дека е на пат седне на клупата на Јувентус. Тогаш му поверував, а сега уште повеќе“, објави Агиљар.

И навивачите на Јувентус веројатно сонуваат да го видат Гвардиола на клупата и веруваат дека токму тој е вистинскиот човек кој овој тим може да го одведе до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

Меѓутоа лоши вести за сите кои сакаат да го видат Гвардиола во Јувентус пренесува директорот и новинар на „Скај“, Алесандро Алкато кој важи за еден од најдобро информираните новинари во Италија.

Имено, Алкато на својот Твитер само кратко објави дека шансите Гвардиола да го превземе Јувентус се нула.

Останува да почекаме времето да покаже кој ќе биде во право, а промовирањето на новиот тренер на Јувентус кој и да биде би требало да се случи на 14-ти јуни (тука).

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за Синиша Михајловиќ“

Играчите на Болоња повторно се спремни да се борат за Синиша Михајловиќ. Болоња оваа сезон…