Дома Фудбал Италија Закажана е прес конференцијата на која Јувентус ќе го претстави новиот тренер?

Закажана е прес конференцијата на која Јувентус ќе го претстави новиот тренер?

Масимилијано Алегри следната сезона нема да биде на клупата на Јувентус, а неговата замена се уште не е пронајдена или барем не е откриено во јавноста.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Навивачите на Јувентус веруваат дека новиот тренер на „старата дама“ на медиумите и јавноста ќе им биде претставен на 14-ти јуни.

Симпатизерите на Јувентус дојдоа до ваков заклучок откако забележиле „доказ“ во продажбата на картите на музејот на Јувентус.

Навивачите на Јувентус се уште не знаат кој ќе биде нивни тренер следната сезона, но веруваат дека знаат за кога е закажана прес-конференцијата на кој тој ќе биде претставен.

Имено, влезниците за музејот и обиколка на „Алијанц“ стадионот одеднач за 14-јуни се повлечени од продажба.

Тоа според многумина значи дека во просториите на клубот за тој ден се спрема некое важно случувања на кое ќе не може секој да присуствува, а такво случување сигурно би била конференција на која ќе се претстави новиот тренер.

Засега со Јувентус се поврзуваат: Маурицио Сари, Пеп Гвардиола, Маурицио Сари, Покетино, Мурињо…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите на Вардар титулата ја славеа на срамен начин! (ВИДЕО)

Вардар денеска со победата над Струга ја освои титулата во македонската Прва лига, но на с…