Дома Македонски спорт Мак фудбал Захариевски: Ги пополнивме испразнетите места, останува да се воиграме

Захариевски: Ги пополнивме испразнетите места, останува да се воиграме

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум според изјавата на тренерот Срѓан Захаривски заврши со активностите во зимскиот преоден рок.

„Подготовките течат според планот. Испразнетите места ги пополнивме и сега ни останува да ја воиграме екипата и да одговориме на предизвиците кои не очекуваат во првенството“, изјави Захариевски.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Најголема промена во Струга е заминувањето на еден од најдобрите играчи на овој клуб, Клинсман Цаке кој се пресели во Шкендија, како негова замена беше доведен искусниот Томе Китановски. Покрај Китановски пористигна и Дарко Илиески, а клубот го напушти и Флорент Османи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

„Чкембари“ и Пелистер донираа 360.000 денари за настраданите во Кочани

Фудбалскиот клуб Пелистер и неговата верна навивачка група „Чкембари“ уште еднаш покажаа д…