Дома Фудбал Вардар денеска може да стане шампион на Македонија!

Вардар денеска може да стане шампион на Македонија!

Во рамки на претпоследното, 32. коло во Првата македонска фудбалска лига денеска се играат три натпревари, а најголемо внимание привлекува дуелот во Струга, каде што Вардар има можност и официјално да ја обезбеди шампионската титула.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвено-црните“ по подолго време се на чекор до враќање на трофејот, а за заверка на титулата им е потребен само уште еден бод во преостанатите две кола. Првата можност ја имаат денеска на гостувањето кај Струга, каде што реми или победа ќе значат почеток на шампионското славје.

Шкендија, пак, ги задржа само теоретските шанси за одбрана на титулата. Тетовци во ова коло на домашен терен ќе се соочат со Брера и ќе се надеваат на кикс на Вардар.

На програмата денеска е и пресметката меѓу Силекс и Арсими.

Сите три средби започнуваат од 16:00 часот.

ПМФЛ 32. коло:

Петок
Струга – Вардар
Шкендија – Брера
Силекс – Арсими
Сабота
Тиквеш – Пелистер
Шкупи – Работнички
Башкими – Македонија ЃП

Табела: Вардар 77, Шкендија 71, Струга 62, Силекс 53, Тиквеш 44, Башкими 41, Арсими 40, Брера 37, Пелистер 36, Македонија ЃП 30, Работнички 30, Шкупи 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе го „пецна Арбелоа по натпреварот, па тренерот на Реал експресно го „уништи“

Килијан Мбапе повторно крена голема прашина по синоќешниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Ов…