Дома Фудбал „Артур“ му се заканува на Светското првенство – натпреварот меѓу Португалија и Конго под знак прашање?!

„Артур“ му се заканува на Светското првенство – натпреварот меѓу Португалија и Конго под знак прашање?!

Дојде во прашање одигрувањето на натпреварот од Група К на Светскиот првенство помеѓу Португалија и Демократската Република Конго, поради потенцијалните екстремни временски услови во Хјустон.

Метеоролошките служби предупредија дека во среда, во време на закажаниот почеток (19.00 по средноевропско време), областа Тексас може да биде погодена од тропска бура која се формира долж брегот и се движи кон внатрешноста на земјата.

Овој временски систем, именуван „Артур“, се очекува директно да влијае врз регионот Хјустон.

Според прогнозите, бурата може да донесе обилни врнежи, силни ветрови и зголемен ризик од нагли поплави, што може да предизвика сериозни проблеми во градот и околината.

Националниот центар за урагани особено предупредува дека во овој случај ветерот не е главниот ризик, туку количеството на дождот што се очекува.

Главната опасност не се однесува на силата на ветерот, туку на огромното количество на дожд кој би можел да предизвика сериозни проблеми“, се наведува во предупредувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Целта е да стигнеме до финалот во Лига Европа и да го освоиме

Тренерот на Милан, Рубен Аморим, увери дека клубот има за цел да го освои трофејот во Лига…