Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Жиру: Нема да дозволиме Меси да ја има најдобрата ноќ во животот

Жиру: Нема да дозволиме Меси да ја има најдобрата ноќ во животот

Франција и Аргентина ќе играат во големото финале на Светското првенство во Катар и во двете селекции дербито се очекува со големо нетрпение.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оливие Жиру е еден од фудбалерите кои се искачија на светскиот трон пред четири години и на тој Мундијал Франција играше против Аргентина. Французите славеа во нокаут-фазата во драматичен натпревар со 4:3 со што го продолжија патот кон светската титула.

„Сакаме победа во финалето. Нема да му дозволиме на Меси да ја има најдобрата ноќ во животот. Нашата цел е да освоиме уште една титула и ќе направиме се што можеме да го спречиме.

Но, треба да се знае дека Аргентина не е само Меси, имаат одлични фудбалери и силен колектив, нема да биде лесно“, изјави Жиру.

Откри дека пред четири години кога играле против Аргентина, Канте ја имал задачата да го чува Меси.

„Пред четири години го имавме Канте и селекторот него му ја додели задачата да биде секогаш до Меси, сега не знам каков ќе биде планот“, изјави Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Влаховиќ го напушта Јуве, пристигна нов напаѓач!

Душан Влаховиќ од 1 јули повеќе нема да биде под договор со Јувентус. Зошто проблемот со у…