Дома Македонски спорт Елмас може да го напушти Наполи – побарал гаранција за поголема минутажа!

Елмас може да го напушти Наполи – побарал гаранција за поголема минутажа!

Во претстојниот преоден рок Елиф Елмас би можел да го напушти Наполи, барем според она што се пишува во италијанските медиуми.

На Апенините се пишува дека Елмас побарал писмена гаранција од стручниот штаб дека ќе игра повеќе во следната сезона со цел да го избегне подолгото седење на клупа. Во изминатата сезона Елмас можеби настап на голем број натпревари, но на најголем дел од нив влегуваше од клупата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На 46 натпревари постигна 46 гола. Се наведува дека Елмас не побарал трансфер, но ако не му бидат гарантирани условите за минутажа тој ќе побара нова средина.

Во редовите на Наполи тој дојде во 2019 година од Фенербахче за 16 милиони евра, а главен иницијатор за негов трансфер беше Карло Анчелоти кој тогаш го водеше Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…