Дома Македонски спорт Дали ова е најава за заминување на Алиоски од Ал Ахли? 🎥

Дали ова е најава за заминување на Алиоски од Ал Ахли? 🎥

На последниот натпревар тимот на Езгјан Алиоски беше поразен од Рајдес со 1:3, а овој пораз многу веројатно значеше и испаѓање на Ал Ахли во понизок ранг.

Во последното коло Ал Ахли влегува со позиција од зоната за испаѓање и ќе игра против четвртопласираниот тим на табелата, па големи се шансите наредната сезона да се натпреваруваат во второто по ранг натпреварување во Саудиска Арабија.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Испаѓање на Ал Ахли во понизок ранг веројатно значи и заминување на Езгјан Алиоски. Ако таквите најви се остварат вчерашниот натпревар беше последен за Алиоски пред домашните навивачи.

Најава дека може да се случи негово заминување беа и солзите после натпреварот. Фаворит во овој момент за потписот на Џани е турски Трабзонспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кристијано Роналдо: Јас припаѓам на Саудиска Арабија

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се врати на настапите за Ал Наср по тензии со ра…