
Многумина се прашуваат зошто големата шпанска фудбалска ѕвезда на својот дрес носи две имиња – Ламин Јамал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јамал даде значаен придонес во триумфот на Шпанија на штотуку завршеното Светско првенство во Северна Америка.
Зад неговото име всушност се крие неверојатна приказна за тоа како истото настанало.
Имено, неговото полно име е Ламин Јамал Насраи Ебана. Насраи е презиме на таткото, а Ебана на мајката, и имаат мароканско потекло.
Сѐ започнало во моментот кога неговата баба Фатима, со која години подоцна учествувал на потпишувањето на договорот во Барселона, одлучила да се пресели во Шпанија. Кога имала околу 40 години, некаде во 1990-тите, од Мароко дошла за да живее во Шпанија, најде работа како медицинска сестра и нејзината единствена цел била да ѝ помогне на своето семејство кое било многу сиромашно.
По некое време успеала да ги доведе своите два сина Абдул и Мунир. Мунир во Шпанија ја запознал Шила со која почнал да се забавува, меѓутоа и во Шпанија живееле многу тешко, едвај врзувале крај со крај и имале доволно пари само за кирија. За среќа, имале двајца неразделни пријатели кои се викале Ламин и Јамал, кои безусловно им помагале секогаш кога било потребно. Благодарение на нив, родителите на младиот фудбалер успеале да преживеат.
За возврат, Мунир им ветил дека на својот син ќе му даде име по нив двајцата.