
Фил Фоден го продолжи договорот со Манчестер Сити до летото 2030 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерот, кој ги мина сите младински категории во Сити, досега освои 17 значајни трофеи со клубот, вклучувајќи шест титули на првак на Англија и трофеј од Лигата на шампионите.
“Играњето за овој клуб е сè што некогаш сум посакувал и секогаш е чест да го носам овој дрес. Свесен сум колку сум среќен што сум дел од овој историски период со толку многу освоени трофеи, но секогаш гледаме напред и сакаме да освоиме уште повеќе”, изјави Фоден.
Манчестер Сити влегува во нова ера по заминувањето на Пеп Гвардиола, кој ја напушти клупата на крајот од минатата сезона.
Тимот го презеде поранешниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, а клубот го потврди и трансферот на англискиот репрезентативец Елиот Андерсон од Нотингем Форест.
Фоден (26) важи за еден од најдобрите англиски фудбалери на својата генерација, но по слабата мината сезона беше изоставен од списокот на репрезентацијата на Англија за Светското првенство.
Галатасарај се обиде да го искористи тој слаб момент и да го привлече Фоден во својот тим овој лето, но од тоа нема да има ништо, бидејќи јасно е дека Мареска сериозно го смета за клучен играч.
“На 26 години, неговиот развој уште трае и со нетрпение очекуваме да видиме каков играч може да стане Фил во идните години”, изјави спортскиот директор на Манчестер Сити, Уго Вијана.
We’re delighted to announce that Phil Foden has extended his contract at City until 2030 🩵
— Manchester City (@ManCity) July 22, 2026