Дома Фудбал Бизарна традиција во Шпанија: Двајца светски шампиони за награда добија гајба доманти!

Бизарна традиција во Шпанија: Двајца светски шампиони за награда добија гајба доманти!

Откако Фабијан Руиз и Гави, двете звезди на шпанската фудбалска репрезентација, триумфираа на Светското првенство, тие добија необични подароци.

Руиз и Гави играа значајна улога во овој светски успех, и со задоволство се вратија во својот роден град Лос Палациос и Вилафранка во Андалузија, кој брои 35.225 жители.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во нивна чест, локалните стадиони Марисмас и Сан Себастијан добија нови имиња – “Фабијан Руиз” и “Пабло Паез Гавира Гави”.

На овие терени ја започнаа својата кариера овие двајца репрезентативци на Шпанија. Но, тука приказната не завршува.

Во рамките на бизарната локална традиција, фудбалерите добија и поклони гајби со домати со тежина пропорционална на нивната.

Така, заедно добија 140 килограми домати распоредени во гајби, а на тоа позираа пред камерите.

Иста чест беше укажана и на Хесус Навас кога со Шпанија ја освои титулата Светски шампион во 2010 година. Еден стадион беше именуван по него, а исто така доби и домати во сооднос со својата тежина.

Пред 16 години, по успехот во Јужна Африка, Навас доби домати од сортата “бомбон колорао”, кои се најпознати во овој крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Очоа заминува во пензија по кариера долга две децении!

Славниот мексикански голман Гиљермо Очоа објави дека ја завршува својата професионална кар…