
Фудбалската федерација на Аргентина има намера да започне правни чекори поради разни обвинувања и, како што наведуваат, дезинформации кои кружеле за играчите за време на Светското првенство во фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Целото Светско првенство беше маркирано со притисок врз Аргентинците од страна на јавноста, што водеше до тоа многумина да ги обвинуваат дека се под заштита на ФИФА.
Овие случувања влијаеле врз играчите, и според Аргентинската фудбалска федерација, тоа сериозно го нарушило нивниот углед и настапот во финалето на Светското првенство. Поради ова, тие сакаат да покренат правна постапка.
“Првичните извештаи сочинуваат дека федерацијата разгледува сериозни правни мерки во врска со кампањата на дезинформации која била насочена против аргентинските играчи за времетраењето на Светското првенство”, известува Albiceleste Talk, една од најпознатите страници поврзани со аргентинскиот фудбал.
Потенцијалните тужби за клевета би се концентрирале на лажни obвинувања, манипулирани или непроверени слики и обвинувања изнесени без докази.
🚨 BREAKING: Early reports indicate that the AFA is considering BIG legal action over the misinformation campaign targeting Argentina’s players during the World Cup.
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) July 21, 2026
The potential defamation lawsuits would reportedly focus on false allegations, manipulated or unverified images,… pic.twitter.com/MA9EFVTdjs
Аргентинците имаат намера да ги земат на одговорност не само големите медиумски корпорации туку и поединци, играчи и луѓе на социјалните мрежи кои ги обвинуваа дека се фаворизирани од ФИФА и дека добивале предности на турнирот.
Правниот тим на Аргентинската фудбалска федерација активно собира докази, вклучувајќи сведоштва, објави, скриншоти и други материјали. Очекува се понатамошен развој на настаните.