Дома Фудбал Сантос имаше натпревар, а Нејмар си играше покер

Сантос имаше натпревар, а Нејмар си играше покер

Додека Сантос вчера вечер го играше натпреварот во Купот на Јужна Америка, најголемата ѕвезда на тимот, Нејмар, не беше со екипата во Венецуела. Наместо да биде на терен, тој беше снимен на професионален покер-турнир во Сао Паоло. И покрај неговото отсуство, Сантос извојува убедлива победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Додека неговите соиграчи играа во Венецуела, Нејмар учествуваше на зимското издание на бразилското првенство во покер (BSOP). Според информациите од ЕСПН Бразил, напаѓачот бил виден во Златната сала на ВТЦ комплексот во Сао Паоло, каде се одржуваше четвртата фаза од националното првенство.

Нејмар е познат како љубител на покерот, а на истото натпреварување во 2025 година освои 53.500 бразилски реали. Неговото присуство на турнирот се случи само неколку часа пред важниот натпревар на Сантос, но тоа не беше негов самоволен потег. Клубот претходно одлучил Нејмар да остане дома поради специјална програма за рехабилитација по настапот на Светското првенство.

По победата од 4:1 против Универзидад Сентрал, тренерот на Сантос, Кука, ја објасни ситуацијата. Нагласи дека одлуката за отсуството на Нејмар била донесена за да се осигура дека играчот ќе се одмори комплетно од репрезентативните обврски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ја дочекува Рига во битка за продолжување на европското лето!

Вардар вечерва од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје го очекува првиот дуел од …