Дома Фудбал Паредес раскажа зошто го нападна Гави, а причината е Меси?!

Паредес раскажа зошто го нападна Гави, а причината е Меси?!

Откако се посрами и самиот себе и аргентинскиот фудбал во финалето на Светското првенство против Шпанија, Леандро Паредес раскажа за медиумите во неговата земја зошто го нападна Гави на крајот од натпреварот во Њујорк, во кој Шпанците победија со 1:0 и ја освоија титулата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гави ми пријде веднаш по последниот судиски сигнал, додека сите славеа. Ми се загледа и на шпански ми рече дека денес немало ниту судија ниту ВАР за да му помогнат на Меси. Тоа не ми се допадна. Беше тоа непочитување, особено кога натпреварот веќе заврши.”, рече Паредес и додаде:

Му пријдов и го удрив во лицето. Не можев да стојам настрана и да дозволам едно момче така да зборува за Меси. Потоа сѐ излезе од контрола. Играчи од двата тима влетаа, имаше туркање, викане и сите се обидуваа да ги заштитат своите соиграчи. Такви работи се случуваат кога емоциите се на врвот по финалето на Светското првенство.”

Потоа истакна дека не е горд за сето што се случи, но…

Не сум горд што дојде до конфликт, но не можев да дозволам некој да го навредува Меси, а јас да гледам и не реагирам”, заврши Паредес.

Поради сето што правеше за време на финалето, Паредес го очекува суспензија од страна на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ги следи стапките на ФИФА: Дали ќе се проширува и Европското првенство?

Откако ФИФА потврди дека Светското првенство 2030. година ќе собере дури 64 репрезентации …