Дома Фудбал Клоп ја избриша фотографијата со навреда за Звезда, откриено и која била жената

Клоп ја избриша фотографијата со навреда за Звезда, откриено и која била жената

Познатиот германски тренер Јирген Клоп се најде во центарот на вниманието на српската јавност откако на својот Инстаграм профил објави фотографија од Светското првенство која предизвика бурни реакции од страна на навивачите на Црвена звезда. На сликата, снимена за време на Мундијалот, Клоп позира заедно со легендарниот италијански фудбалер Алесандро Дел Пјеро и една жена која држи натпис со порака навредлив коментар упатен кон белградскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фотографијата набрзо стана вирална на социјалните медиуми, каде навивачите на Црвена звезда го изразија своето незадоволство. По лавината од негативни коментари, Клоп реши да ја отстрани споменатата фотографија од објавата за СП. Предпоставува се дека дури по реакциите на јавноста сфатил каков материјал споделува. Покрај бришењето на фотографијата, германскиот тренер го оневозможи коментирањето на таа објава.

Набрзо беше откриен и идентитетот на жената од фотографијата. Станува збор за Селма Хасанагиќ, ќерка на легендарниот напаѓач на Партизан, Мустафа Мујо Хасанагиќ. Нејзиниот татко беше член на славната генерација на Партизан која во 1966 година играше во финалето на Купот на европските шампиони против Реал Мадрид, а за „црно-белите“ настапуваше од 1962 до 1969 година. За Селма не се знае многу. Според јавно достапните информации, дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Белград, а денес живее и работи во Франција. Она што и понатаму останува нејасно е каква точно е врската меѓу неа, Клоп и Дел Пјеро.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aргентинците се налутија: Подготвуваат тужба!

Фудбалската федерација на Аргентина има намера да започне правни чекори поради разни обвин…