
Вардар вечерва од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје го очекува првиот дуел од 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции против летонскиот тим на Рига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По неуспешното прво квалификациско коло за Лигата на шампионите и елиминацијата од фински Купс, сега Рига за „вардарци“ е спас на европското лето, и продолжување на патот за изборување групи во Конференциската лига.
Шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани посакува добра партија на домашен терен и триумф со кој, како што рече, ќе ги направи навивачите горди.
„Со голема желба и емоција го дочекуваме натпреварот утре и среќни сме со тоа што го одигравме во Финска и победата и се надевам дека и утре ќе дојдеме добар резултат, мора да бидеме силни на домашен терен. Голема е мотивацијата да се докажеме многу подобро, тоа и го покажавме во Финска, сакаме да ги направиме горди нашите навивачи со една подобра партија и перформанси на домашен терен.
Знаеме колку е важно да завршиме со предност на по првиот меч. Станува збор за многу добра екипа тоа го покажува и нивната вредност, но и ние сме голем клуб и тоа сакаме да го покажеме утре. Сакаме да одиграме добро, да провоцираме грешки на нивната екипа. Има многу работи кои треба да ги подобриме, имаме само два официјални натпревари одиграни. Ги анализираме натпреварите и мислам дека можеме многу повеќе да дадеме, имаме потенцијал кој треба да го покажеме. Се надевам дека на утрешниот натпревар тоа ќе го постигнеме, во фудбалот секогаш има нешто да се научи и да се натпреварува“, рече Фабијани.
Капитенот Азар Омерагиќ вели дека Вардар оди против Рига да се покаже во многу подобро издание пред своите навивачи и да дојде до добар резултат.
„Купс е минато, не дојдовме до посакуваниот резултат, во ревнашот покажавме дека можеме многу подобро. Сега одиме на Рига да се покажеме во многу подобро издание и да оствариме добар резултат. Утре ќе бидеме задоволни со било кој позитивен резултат. Премијата е само награда, а мотивот е Вардар да оди понатаму во Европа. Паричната награда е само плус. Ќе го дадеме максимумот пред домашна публика, сакаме да одиме понатаму, наше е да одиграме најдобро, а што ќе се случи ќе видиме“, вели Азер Омерагиќ пред денешниот дуел.