Тренерот на Хајдук Џенаро Гатузо (46) побара помош за луѓето кои настрадаа во големите поплави во Босна и Херцеговина, каде загинаа најмалку 21 лице, а беше направена огромна материјална штета.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендата на италијанскиот фудбал така се приклучи на познатите имиња кои повикуваат да се помогне на најпогодените од големите поплави.
„Поздрав до сите, тука тренерот Гатузо. Сакам да упатам апел во врска со трагедијата што се случи во Босна. Сакам да ве замолам да им помогнете на настраданите од оваа трагедија и да испратите порака и да им пружите помош на сите луѓе кои се погодени со јавување на бројот 17039“.
Ве молам, сметам на вас. Мораме да им помогнеме на луѓето кои изгубиле членови на семејството и имот и кои сега се во тешка ситуација. Голема прегратка до сите. Бидете силни“, порача Гатузо.