Целта на Вулверхемптон е јасна, овој тим сака излез во Европа, а после денешниот натпревар со Евертон повторно се на добар пат кон исполнување на целта.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во претходните две кола Вулвси запишаа ва порази (од Шефилд и Арсенал) и изгледаше дека попуштаат во клучниот дел од сезоната. Сепак денес се издигнаа над кризата и победија кога тоа беше потребно.
Првото полувреме беше прилично мирно, ако се одземе шансата на Даниел Поденсе и добрата одбрана на Пикфорд, па во судиското продолжение се влезе со резултат 0:0. Тогаш Диње направи пенал, а Раул Хименез погоди за 1:0.
Само што почна второто полувреме домаќините стигнаа и до 2:0. Овој пат погоди Леандер Дедонкер. Конечните 3:0 ги постави Јота во на петнаесетина минути до крајот.
Со оваа победа Вулвс го прескона Шефилд и дојде до шестата позиција на табелата која води директно во групната фаза од Лигата Европа.