
Фудбалерот на Манчестер Сити, кој е на позајмица во Евертон, Џек Грилиш, веројатно ќе мора да оди на операција поради стресна фрактура на стапалото, што значи дека неговата сезона речиси сигурно е завршена.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Оваа вест ја потврди тренерот на Евертон, Дејвид Моес. Ова е тежок удар за 30-годишниот играч и неговите амбиции за настап за англиската репрезентација на Светското првенство.
“Сметаме дека Џек Грилиш веројатно ќе мора да се подложи на операција. Иако тоа сѐ уште не е целосно потврдено, оваа повреда најверојатно ќе го отстрани од терените до крајот на сезоната,” изјави Моес за Грилиш, за кого многумина веруваа дека со добри игри би можел да се истакне пред селекторот на Англија, Томас Тухел.
Грилиш имаше одличен старт во Евертон, остварувајќи четири асистенции во првите две натпревари во Премиер лигата, но неговиот учинок потоа значително се намали. Последниот негов настап за Англија беше во октомври 2024 година против Финска.
Да потсетиме, Англија го започнува Светското првенство на 17 јуни со натпревар против Хрватска. Во групата Л се наоѓаат уште и Гана и Панама.