Иако во клубот е само неколку месеци, францускиот напаѓач Александар Лаказет, веќе испишува историја во дресот на англискиот гигант Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лаказет во вчерашната победа против ВБА ги постигна двата погодоци за „топџиите“ и така стана првиот фудбалер на Арсенал кој се запишал во листата на стрелци на првите три домашни натпревари.
Серијата ја започна против Лестер, потоа следуваше гол против Бурнемоут и сега два против ВБА.
Последниот играч на кој му успеало вакво нешто беше Брајан Марвуд во 1988 година. Вториот погодок против ВБА Лаказет го постигна од пенал, а тоа беше јубилеен 100 реализиран пенал на Арсенал во Премиер лигата.
Лаказет во Арсенал пристигна ова лето од Лион за сума од 53 милиони евра.