Дома Фудбал Вардар го доби терминот за дуелот против Купс во ЛШ

Вардар го доби терминот за дуелот против Купс во ЛШ

Вардар го одбројува времето до европскиот старт во новата сезона, а веќе е потврден и терминот за првиот квалификациски натпревар против финскиот Купс.

Македонскиот шампион ќе ја има предноста да го отвори двомечот на домашен терен. Средбата е закажана за 7 јули со почеток од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека реваншот во Финска ќе се одигра една недела подоцна.

Доколку „црвено-црните“ успеат да ја минат првата пречка, во следната рунда од квалификациите за Лигата на шампионите ќе ги очекува победникот од пресметката меѓу Сабах и ТНС.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грчки клуб доживеа дебакл, па го промени логото

Грчкиот клуб Панцераикос, по најтешкиот пораз во својата историја, презеде необичен чекор …