Дома Трансфер зона Варан е само почеток: Во Јунајтед ќе има големи промени, а едно заминување може да биде тежок удар

Варан е само почеток: Во Јунајтед ќе има големи промени, а едно заминување може да биде тежок удар

Рафаел Варан потврди дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед, бидејќи клубот нема да ја искористи опцијата за продолжување на соработката за уште една година во меѓусебниот договор.

Французинот на тој начин го напушта Јунајтед по три години во кои освои само еден Лига куп и не може да се каже дека ги оправда очекувањата по доаѓањето од Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Истото може да се каже и за Каземиро, кој исто така е на трансфер листата, бидејќи е најплатен во тимот и игра под секое ниво во текот на целата сезона. Бразилецот има понуда од Саудиска Арабија, и голема е веројатноста да тргне во таа насока.

Но, најголемо изненадување за навивачите е веста која се појави за можно заминување на Бруно Фернандеш.

Наводно, Баерн Минхен и Интер будно ја следат ситуацијата и со задоволство би го донеле во своите редови.

Португалецот до сега не размислувал за заминување, но сега би можел да размисли, посебно затоа што Јунајтед по 10 години не обезбеди место во европските натпреварувања. Во Јунајтед сакаат да го задржат, меѓутоа се шпекулира и дека би се откажале од неговите услуги доколку пристигне богата понуда.

Покрај споменатите Маласија и Ентони се играчи кои пристигнаа по желба на Тен Хаг и не ги исполнија очекувањата, па ако дојде до промена на тренерот не е исклучена можноста да заминат. Понатаму на Ериксен и Марсијал им истекуваат договорите, Амрабат нема да биде откупен…

Како што стојат работите во Јунајтед следи период на промени…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…