Дома Видео Баерн со комичен погодок успеа да го сруши Дортмунд и да дојде до нова титула ?

Баерн со комичен погодок успеа да го сруши Дортмунд и да дојде до нова титула ?

Баерн Минхен во својата богата ризница на трофеи вечерва додаде уште еден и тоа оној наменет за победникот во германскиот Супер куп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Суперкуп е натпревар во кој на почетокот од сезоната се среќаваат победникот во лигата и Купот, но бидејќи Баерн ги освои двата трофеи минатата сезона играше со второпласираниот тим во Бундеслигата, екипата на Борусија Дортмунд.

Милионерите одиграа добар натпревар, но од пораз сепак не се спасија.

Европскиот првак започна офанзивно и уште во 18. минута преку Толисо дојде до водство. На 2:0 зголеми Милер кој по асистенција на Дејвис погоди со глава во 32. минута.

Борусија не се предаваше и успеа да се врати резултатски. Прво Брант го искористи доброто додавање од Халанд, а потоа норвешкото чудо од дете успеа да го матира Нојер и да го врати тимот во игра.

Сепак, Баварците во финишот од натпреварот со сите сили тргнаа по нов погодок, а еден од опасните напади во погодок го реализираше Кимих.

За Баварците ова е осма Суперкуп титула, а веднаш зад нив е токму Борусија Дортмунд со освоени шест титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…