Во големото хрватско дерби Динамо Загреб го победи Хајдук со 4:1.




Клубот од Сплит во судиското продолжение од првиот дел дојде до предност и тоа со фантастичен гол од 30-тина метри на македонскиот фудбалер Јани Атанасов. Атанасов на теренот беше до 60. минута, а тогаш Динамо постигна гол за изедначување.




Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Четири минути подоцна вториот македонски репрезентативец Аријан Адеми се запиша во листата на стрелци за целосен пресврт на хрватскиот тим. До крајот погодуваа Гојак и Оршиќ за конечни 4:1.



