Дома Останати Кошарка Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако италијанскиот клуб потврди дека кошаркарот ја активирал клаузулата за раскин на договорот.

„Кошаркарскиот клуб Тренто информира дека Андреј Јакимовски ја искористи можноста за предвремен излез од договорот, кој важеше и за сезоната 2026/27. Му благодариме за професионалниот однос, посветеноста и придонесот во текот на сезоната и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера. Благодариме, Јаки“, соопштија од италијанскиот клуб.

Зад Јакимовски е успешна сезона во дресот на Тренто, каде настапуваше во италијанскиот шампионат и во Еврокупот.

По потврдата за разделбата, Јакимовски се обрати до навивачите и клубот со емотивна порака.

„Тренто, не можев да посакам подобро место за почеток на ова поглавје од мојата кариера. Од првиот ден се чувствував како дома. Заедно создадовме спомени што ќе ги паметам засекогаш. Секогаш се трудев да го дадам максимумот и на теренот и надвор од него. Ми беше чест да го носам овој дрес и да го претставувам клубот. Тренто засекогаш ќе остане важен дел од мојата приказна“, порача македонскиот кошаркар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ со објава за своите ќерки по разводот од Ана Марија (Фото)

Лука Дончиќ (27) објави на Инстаграм порака посветена на своите ќерки. Објавата доаѓа по р…