Според информациите на хрватскиот портал „24сата“ Сергеј Јакировиќ добил отказ од клупата на Динамо Загреб.
Наводно, веќе се разговарало и за потенцијалните кандидати кои би можеле да го наследат, а како најпознато име се издвојувал Нико Ковач.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Проблем за Динамо во ангажманот на Ковач би биле парите. Неговата годишна плата со се примањата на стручниот штаб би одела и до 2.5 милиони евра и во случај на предвремен раскин на соработката Динамо би требал да плати премногу.
Кога е отказот на Јакировиќ во прашање најголемо влијание има срамниот пораз во Минхен од 9:2 кој е најтежок во историјата на Динамо. Исто така, Динамо стана и првата екипа која примила девет гола во натпревар од Лигата на шампионите.