Ненад Бјелица и понатаму е прв фаворит за нов тренер на Динамо Загреб и според последните информации наскоро би требало се да се официјализира, но последните информации говорат дека хрватскиот гигант чека и одговор од италијанска фудбалска легенда.
Имено, познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека со Бјелица е се договорено, меѓутоа не е потврдено и официјализирано затоа што се разгледува опцијата за доведување на Фабио Канаваро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Хрватскиот клуб разгледува различни профили на тренери, Бјелица и понатаму е фаворит. Меѓутоа не е исклучено на клупата на Динамо да седне Фавио Канаваро. Поранешниот тренер на Удинезе има понуда, меѓутоа тој сака да работи во Италија, па размислува“, пишува Ди Марцио.
Канаваро последниот ангажман го имаше во Удинезе од каде што доби отказ, а во Италија работеше уште во Беневенто.