Дома Фудбал Марко Алчевски се врати во Македонија!

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона, ангажирајќи го голманот Марко Анчевески.

Дваесет и четиригодишниот чувар на мрежата се враќа на македонската фудбалска сцена по интернационалното искуство стекнато во српски ОФК Белград и во израелски Ерусалим, каде што настапуваше во изминатата сезона.

Анчевески своите први фудбалски чекори ги направи во Брера, а во домашното првенство го носеше и дресот на Борец од Велес.

Во својата кариера беше дел и од младинските селекции на Македонија, а за репрезентацијата до 21 година забележа вкупно 17 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емотивна приказна зад прославата на Алан: Буквата „L“ беше посвета за неговата сестра

Еден од најемотивните моменти по голот на Алан на неговото деби за Манчестер Сити ја привл…