Дома Топ вести Аларм во Барселона: Платите мораат итно да бидат намалени!

Аларм во Барселона: Платите мораат итно да бидат намалени!

Каталонските медиуми во последните месеци детално ја следат ситуацијата во Барселона, а се започна кога Меси најави дека би можел да го напушти клубот.

Од тој момент „Спорт“ и „Мундо Депортиво“ не престануваат будно да го следат клубот, а сега и „РАЦ1“ излезе со голема вест за алармантната ситуација во Барселона. Овој медиум објави дека Барселона итно мора да ги намали платите за 190 милиони евра, односно за 30% од моменталниот износ. Ако не успее во тоа на 5. ноември клубот би можел да доживее банкрот.

Во овој момент во тек се преговорите со играчите за намалување на платите, но засега изгледа дека двете страни не се блиску до договор.

„Нашиот главен проблем е економската слика на клубот. Пандемијата удри силно по нашиот клуб. Зависиме од туризмот, а него го нема. Мораме да смислиме начин како ова се да го надминеме“, изјави за „РАЦ“ Карлес Тускетс, еден од директорите во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Отказ за Кеирош, Колумбија ќе добие нов селектор

Португалскиот тренер Карлос Кеирош доби отказ на селекторската функција во Колумбија. Сора…