Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо ужива во заслужениот одмор, додека неговиот агент се грижи за неговата иднина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо имаше успешна сезона со Јувентус, освоено е Скудето, а тој постигна 32 погодоци во Серија А.
Португалецот ужива на јахта со Георгина и децата, а на Инстаграм објавува фотографии со кој ја покажува среќата и раскошот во неговиот живот.
„Постојат две можности: Погледот или јас. Што ќе изберете?“ – ги праша Роналдо своите следбеници на Инстаграм.
Иако многу фанови, посебно од женската популација, напишаа „нормално ти“, некои негови поранешни соиграчи или пријатели како Марсело одговорија „Погледот, секако“.