Дома Трансфер зона Познато колкав буџет ќе добие Гвардиола за летни трансфери

Познато колкав буџет ќе добие Гвардиола за летни трансфери

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола добил 350 милиони фунти на располагање за засилувања во летниот преоден рок, пишуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанскиот стратег пред неколку денови призна дека бара засилување на три или четири позиции во тимот, а неодамна откри дека сигурно ќе доведе дефанзивен играч за врска и лев бек.

Сити се поврзува со многубројни фудбалери, а од левите бекови најблиску е до Бен Чивел од Лестер кој би добил шанса пред Бенџамин Менди кого повредите го уништија.

Кандидати за позицијата последен играч за врска има повеќе. Наводно, први мети се Тaнгу Ндомбеле и Саул Нигез.

„Граѓаните“ покажуваат интерес уште за Иско кој има проблеми во Реал, како и играчот за врска на Баерн Тиаго Алкантара.

Медиумите се убедени дека некој од овие фудбалери сигурно ќе стане фудбалер на актуелниот шампион на Англија. Сепак, ќе мораме да го почекаме летото да видиме кој фудбалер ќе стави потпис со тимот на Пеп Гвардиола.

Гвардиола сигурно добро ќе размисли, сумата од 350 милиони фунти сигурно е довална да се доведат квалитетни фудбалери, а дополнителни средства би можеле да се соберат и со продажбата на оние кои се сметаат за вишок.

Ивесно е дека ќе има заминувања од Манчестер Сити. Еден од првите фудбалери кои се поврзуваат со заминување е Фернандињо, а токму поради неговото заминување непоходно ќе биде засилување на позицијата последен играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…