Дома Фудбал О’Нил верува во Селтик и по дебаклот во Лисабон: Сè уште можеме понатаму

О’Нил верува во Селтик и по дебаклот во Лисабон: Сè уште можеме понатаму

Тежок пораз за Селтик во Лисабон, но тренерот Мартин О’Нил не се откажува од амбицијата за пласман во нокаут-фазата на Лига Европа.

Шкотскиот тим беше поразен со 4-1 од Бенфика на „Естадио да Луж“, па по две одиграни средби остана без освоен бод. Два гола за домашните постигна Џон Дуран, а по еднаш мрежата ја погодија Вангелис Павлидис и Александер Ба.

Бенфика поведе уште во петтата минута, кога Дуран избори пенал, а потоа и самиот реализираше со „паненка“ против Вилјами Синисало. Тоа е и најрано примен гол од пенал на Селтик во големите европски натпреварувања.

До паузата домаќинот целосно ја контролираше играта, а Џанлука Престијани запиша две асистенции, за Ба и за Дуран, во период кога составот на Марко Силва сигурно чекореше кон убедлив триумф.

Селтик намали преку Камило Дуран, но последниот збор повторно го имаше Бенфика, откако Павлидис во 89. минута ги постави конечните 4-1.

Формата на шкотскиот клуб е загрижувачка и пошироко: Селтик загубил четири од последните пет натпревари во сите конкуренции, што е ист број порази колку и на претходните 36 меча заедно.

И статистиката во Европа не оди во прилог на тимот. Селтик има само пет натпревари без примен гол на последните 54 европски средби, а во Лига Европа само двапати ја сочувал мрежата на последните 30 натпревари.

Сепак, О’Нил гледа причина за оптимизам во изданието по паузата, иако Бенфика двапати ја погоди рамката од голот и создаде повеќе шанси, со 14 удари наспроти деветте на Селтик.

„Последно нешто што сакате е да примите толку рано. Можевме целосно да потонеме, но мислам дека второто полувреме беше одлично. Создадовме шанси една по друга“, изјави О’Нил.

„Токму второто полувреме ми дава верба. Мислам дека сè уште можеме да се пласираме. Сè уште можеме да успееме.

Се вративме силно, измените навистина донесоа многу. Можевме да постигнеме уште неколку гола. Работите се сменија затоа што двајцата крилни фудбалери навистина тргнаа директно кон противникот.

Прифаќам дека и тие од контри можеа да дадат уште некој гол, како што беше случај со четвртиот“, додаде менаџерот на Селтик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двајца отсуствуваа од тренингот на Тотенхем, за едниот причината веќе е позната

Тотенхем објави нови снимки од тренингот, а навивачите веднаш забележаа дека Лукас Бергвал…