Дома Фудбал Дембеле се пошегува по шоуто против Сити: Можеби ќе побарам уште еден одмор

Дембеле се пошегува по шоуто против Сити: Можеби ќе побарам уште еден одмор

Осман Дембеле на свој начин го прокоментира триумфот на ПСЖ над Манчестер Сити во Лигата на шампионите, откако по натпреварот се пошегува дека можеби ќе побара уште неколку слободни денови.

Францускиот офанзивец минатата недела доби одмор од Луис Енрике и не настапи во победата од 3:1 против Ле Ман во Лига 1. Сепак, против Сити веднаш се врати во ритам и имаше големо влијание во победата на парижаните од 4:2.

ПСЖ поведе преку Дезире Дуe во 13. минута, а само 99 секунди подоцна токму Дуe му намести на Дембеле за 2:0. До паузата Витиња зголеми на 3:0, по што англискиот тим се обиде да се врати во игра.

Ерлинг Халанд постигна два гола за Манчестер Сити, а во меѓувреме Џанлуиџи Донарума им подари уште еден гол на гостите. На крајот, тоа не беше доволно за пресврт, особено ако се знае дека Феран Торес промаши пенал во финишот.

Со овој настап ПСЖ веќе стигна до 10 постигнати голови во првите два меча од новата сезона во Лигата на шампионите, што е рекорд во натпреварувањето.

По натпреварот Дембеле испрати јасна порака до сите кои се сомневале во тимот.

„Воопшто не ни е важно што луѓето се сомневаа во нас. Сега е октомври, ова е втор натпревар во Лигата на шампионите и остануваме фокусирани. Знаеме дека во првиот дел од сезоната треба да бидеме на вистински пат, а потоа да се подготвиме за вториот дел“, изјави Дембеле за Canal+.

Тој потоа и се пошегува на своја сметка:

„Дали сакав да им одговорам на критичарите? Воопшто не. Имаше репрезентативна пауза, а потоа бев на одмор. Искрено, можеби ќе побарам уште еден одмор! Ме критикуваат 10 години, така што тоа нема да се смени.“

Дембеле асистираше и при четвртиот гол на ПСЖ, кога профитираше Мањес Аклиуш по грешката на Донарума.

Со тоа францускиот напаѓач сега има директно учество во 33 гола на 42 натпревари за ПСЖ во Лигата на шампионите, односно 20 погодоци и 11 асистенции.

Пред него на вечната листа на клубот во ова натпреварување се само Килијан Мбапе со 65 учества во 64 натпревари и Нејмар со 37 во 41. Дембеле сега е израмнет со Единсон Кавани, кој стигна до 33 во 54 меча.

Дополнително, ПСЖ веќе 10 натпревари по ред нема пораз против англиски екипи во Лигата на шампионите, со биланс од осум победи и две ремија. Во таа серија францускиот тим постигнал 26, а примил 10 голови.

И покрај убедливиот триумф, Луис Енрике смета дека неговиот тим имал и доза среќа.

„Ми се допаѓа нашиот став и посветеност. Сакаме да победиме на секој натпревар и не застануваме на еден или два гола. Се обидуваме да продолжиме да даваме голови и да играме на ист начин. Убаво е да се чувствува тоа. Имавме среќа, затоа што во второто полувреме можевме да примиме и четири гола“, изјави тренерот на ПСЖ за TNT Sports.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аларм во Неапол: Алегри го има најслабиот старт на Наполи по 17 години

По поразот од Виљареал, Наполи влезе во сериозна криза: четири неуспеси во првите осум меч…