Белгискиот играч за врска Раџа Наинголан откри дека своевремено одбил понуди од Јувентус Челзи затоа што парите не го интересирале.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белгиецот остави трага во Каљари и Рома, а после 16 години поминати во Италија минатото лето се врати во татковината. Откако ја раскина соработката со Интер одлучи да продолжи во Антверп.




„Парите не ме интересираат. Ако размислував на пари ќе имав поинаква кариера. После Каљари ќе направев трансфер во Јувентус кој ме сакаше кога бев во Рома, можев и во Челзи. Но сакав да останам во градот каде што се чувствував добро како играч и како човек“, изјави Наинголан.




Во Серија А Наинголан одигра 367 натпревари, постигна 48 голови и подели 35 асистенции.