Дома Фудбал Италија Милан е нов лидер во Серија А🎥

Милан е нов лидер во Серија А🎥

Фудбалерите на Милан лесно дојдоа до победа против Сампдорија на „Сан Сиро“ (1:0) и се искачија на врвот на табелата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ го искористија ремито помеѓу Наполи и Интер и со победа над Самдорија се искачија на врвот во Серија А, но со натпревар повеќе од „нероаѕурите“.

Клучниот момент се случи уште во 8-та минута, кога Рафаел Леао на асистенција на голманот Мањан постигна фантастичен гол.

Милан до крајот на полувремето создаде уште неколку шанси, но не успеа да постигне уште еден гол.

Во вториот дел „росонерите“ комплетно го контролираа мечот, создадоа многу шанси, но на крајот мечот заврши 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ужас на стадионот на англискиот клуб: Пронајдено безживотно тело на маж, полицијата започна истрага

Трагични вести пристигнуваат од Англија. На стадионот „Д Валeј“, домот на фудбалерите на Ч…