Лео Меси вечерва повторно ќе ја предводи Барселона во полуфиналето во ЛШ против Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, во очи на вечерашниот натпревар, странските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот кариерата нема да ја заврши во Барселона.
Меси во вечерашниот натпревар влегува во животна форма бидејќи во последните 45 натпревари постигна 46 погодоци во сите натпреварувања.
Додека е во ваква форма, сосема сигурно дека и Барселона ќе биде во ситуација да го освои било кој трофеј.
Сепак, она што е интересно е што веќе е откриен неговиот следен клуб, а тоа ќе биде Њуелс Олд Бојс.
Се уште не е познато кога ќе се случи тоа, но наводно негов голем сон е да заигра за овој клуб.