Дома Фудбал Италија Инзаги: Доминиравме и не заслуживме пораз од Милан

Инзаги: Доминиравме и не заслуживме пораз од Милан

Милан синоќа со пресврт го победи Интер во градското дерби (1:2) и ја направи трката за Скудетото исклучително интересна.

Тренерот на „нероаѕурите“ Симоне Инзаги изјави дека резултатот не е реален и дека Интер не заслужил пораз.

„Тоа е фудбал. Доминиравме во секој поглед, но загубивме. Тие имаа среќа при првиот гол, а за вториот покажаа итрина. Го загубивме натпреварот во последните 25 минути, кога ни недостасуваше острина и ја загубивме контролата над топката. Ќе победиме на 9 од 10 натпревари против Милан. Не заслуживме да загубиме во дербито, но за жал таков е фудбалот“, изјави Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италијанците во ЛШ веќе се во проблем: само четири бода по две кола

Интер, Наполи, Рома и Комо имаат слаб старт во новата сезона од Лигата на шампионите, а би…